Ништо не препуштаат на фантазијата: Овие се најжешките панталончиња на светот


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Pretty Little Thing, британската онлајн продавница за облека, во продажба ги пушти моделите за пролет/лето 2018 година, а најмногу внимание меѓу нив предизвикуваат едни жешки панталончиња за жени. Ако воопшто можат и да се наречат панталончиња.

„Жешките панталончиња од тексас се убиствени во вашата омилена комбинација“, напишаа тие во описот на панталончињата, кои во суштина повеќе се фармерски танга гаќички.

Можат да се нарачаат во големини од 32 до 44, а чинат 15 фунти. Првенствено се наменети за фестивали како Coachella и се опишани како „парче за смелите и оние со многу самодоверба“.

Но, овој модел не ги освои симпатиите на купувачите, туку напротив – многумина на социјалните мрежи почнаа да се потсмеваат со нив.

„Денес ништо не се препушта на фантазијата“ и „Ги сакам Pretty Little Thing, но што за Бога е ова?“, беа само некои од коментарите.