Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Македонскиот репрезентативец Енис Барди е апсолутен хит во Примера од почетокот на сезоната поради фантастичните партии во дресот на Леванте.
Најеминентните шпански медиуми како „АС“ и „Марка“ пишуваат за Барди и веќе го прогласија најдобар трансфер оваа сезона во Примера.
Барди важи за одличен изведувач на слободни удари, па оваа сезона веќе ги совлада голманите на Депортиво Ла Коруња и Реал Соседад, но тоа не е плод само на талент, туку и на макотрпни тренинзи.
На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како Барди вежба изведување слободни во балон во скопската населба Чаир, додека настапуваше за Шкупи.