Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Еден од обвинетите за насилните дејства кои на 27 април, 2017 година се случија во македонското Собрание, Александар Василевски -Нинџа, денес сам се предла на судските органи, после 5-месечна потрага по него, пренесува Фокус.
Полициските служби веднаш го префрлија во истражниот затвор во Шутка, каде ќе издржува приторска казна.
Претходно беше приведен и Младен Додевски, кој е дел од групата од петмина осомничени за кои беше распишана потерница. На нив им е одреден притвор. Делото за кое се сомничат е терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.
Пред два месеци на истражните органи им се предаде уште еден осомничен кој беше во бегство и по кој се трагаше – Никола Митревски Кољо.