Никотинамид мононуклеотид: Состојка која може да го забави процесот на стареење


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Американски научници откриле дека едно соединение може да ни помогне да го забавиме процесот на стареење така што ќе го забрза нашиот метаболизам, зголемувајќи го нивото на енергија и подобрувајќи ја чувствителноста на инсулин.

Станува збор за никотинамид мононуклеотид (НМН), кој може да се најде во зеленчукот и овошјето, а исто така и нашето тело природно го произведува.

Истражувањето направено на животни потврдило дека ова соединение навистина има антиостарувачки ефект, и сега научниците планираат да продолжат со истражувањата кои ќе се направат на луѓе.

Она што научниците го откриле е дека НМН имал ефект само на повозрасните животни.

Причина за тоа е фактот дека количината на НМН во организмот се намалува со текот на годините, така што на старите животни ова соединение навистина им било потребно, и како резултат на тоа кај нив е забележано зајакнување на организмот и покачување на нивото на енергија.

Никотинамид мононуклеотид е најмногу сконцентриран во домати, авокадо, брокула, зелка, краставица и грав.