Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Американски научници откриле дека едно соединение може да ни помогне да го забавиме процесот на стареење така што ќе го забрза нашиот метаболизам, зголемувајќи го нивото на енергија и подобрувајќи ја чувствителноста на инсулин.
Станува збор за никотинамид мононуклеотид (НМН), кој може да се најде во зеленчукот и овошјето, а исто така и нашето тело природно го произведува.
Истражувањето направено на животни потврдило дека ова соединение навистина има антиостарувачки ефект, и сега научниците планираат да продолжат со истражувањата кои ќе се направат на луѓе.
Она што научниците го откриле е дека НМН имал ефект само на повозрасните животни.
Причина за тоа е фактот дека количината на НМН во организмот се намалува со текот на годините, така што на старите животни ова соединение навистина им било потребно, и како резултат на тоа кај нив е забележано зајакнување на организмот и покачување на нивото на енергија.
Никотинамид мононуклеотид е најмногу сконцентриран во домати, авокадо, брокула, зелка, краставица и грав.