Home Актуелно Никола Поповски назначен за в.д. извршен директор во Македонска банка за поддршка и развој

Никола Поповски назначен за в.д. извршен директор во Македонска банка за поддршка и развој

Никола Поповски, бивш министер за финансии и професор по економија, е назначен за вршител на должноста извршен директор во Македонската банка за поддршка и развој (Развојна банка), соопштија од банката преку Македонска берза.

Поповски доаѓа како замена на досегашниот извршен директор на Развојната банка, Кирил Колемишевски, кој функцијата ја извршуваше во претходните 3 месеци, почнувајќи од 15-ти мај.

Покрај Никола Поповски, член во Управниот одбор на Македонската банка за поддршка на развојот е и Вељанд Рамадани, кој воедно е и в.д. главен оперативен директор.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…