Никола Груевски се појави во судот – започнува судењето за насилствата во општина Центар


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


За обвинението на Специјалното јавно обвинителство за насилствата во општина Центар во 2003 година, денеска почнува судењето на кое еден од обвинетите е и поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Тој утринава дојде во судот.

Заедно со него дојдоа и другите обвинети, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката Даниела Рангелова, и двајца советници од општина Центар.

Обвинети се девет лица. Обвинението се однесува за учествување во насилството потикнато од политичарите.

Обвинителка во овој случај е специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи, а судијка е в.д. претседателката на судот Татјана Михајлова.

Обвинението беше покренато на 15 септември. Политичарите се товарат дека организирале собири поради најавеното оспорување на Детален урбанистички план на Советот на општина Центар. За ВМРО-ДПМНЕ и овој случај е дел од политичката агенда на СЈО и СДСМ.