Никола Груевски го исполни законскиот услов да му биде одземен пратеничкиот мандат


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Поминаа шест месеци откако бившиот премиер Никола Груевски и моментален политички азилант побегна од држават и не го оправда своето отсуство како пратеник во Собранието. Со 6 месеци неоправдано отсуство, пратениците сега имаат законска можност да гласаат за одземање на мандатот на политичкиот азилант кој пребегна во Унгарија за да ја избегне казната затвор за случајот „Тенк“.

За да биде одземен мандатот и тој да добие негов заменик од пратеничката листа, потребни се две третини од гласовите.

Пратеничката Фросина Ременски ги потсети своите колеги дека денеска се исполнуваат условите да му биде одземен пратеничкиот мандат.

„Денес истекуваат 6-те месеци неоправдано отсуство од работата на Собранието на пратеникот азилант Никола Груевски. Пред сериозен тест и одговорност на сите пратеници е спроведувањето на процедурата за одземање на мандатот со 80 гласа “за”“, напиша Ременски на својот профил на „Фејсбук“.