Актуелно

Никола Додовски избран за претседател на Балканската регионална мрежа за владеење на правото


Актуелниот претседател на Адвокатската комора на Македонија, Никола Додевски, е новиот претседател на Балканската регионална мрежа за владеење на правото.

Додевски, потсетувајќи на целите на Балканската регионална мрежа за владеење на правото (BRRLN), на состанокот на адвокатските комори од регионот го изразил своето задоволство од поддршката на Стејт департментот на САД, како и на Американската адвокатска комора, за препознавање на потребата за продолжување на проектот.

„Проектите кои досега беа имплементирани се покажаа како успешни, но во иднина се надевам на поголем успех. Мрежата беше воспоставена заради подобрување на капацитетот на коморите преку унапредување на независноста на професијата, подобрување на пристапот до правна помош и квалитетот на застапување во кривичните предмет и заштита на човековите права“, истакнал Додевски.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top