Славни

Никол Кидман со импресивна трансформација во новата серија

Sundance TV ја објави првата фотографија од Никол Кидман во филмот Top of the Lake: China Girl, од авторката Џејн Кампион, кој премиерно ќе биде прикажан во 2017 година.

Австралиската актерка ја толкува улогата на Џулија, мајка чија приказна се меша со приказната од детективката Робин Грифин која ја игра Елизабет Мос.

Мини серијата ја продуцира See-Saw Films, во соработка со BBC1 во Австралија, како и Sundance TV и Hulu во САД, а се снима во Сиднеј и Хонг Конг.

China Girl е втората сезона од оваа драма која ја режира Џерар Ли. Премиерата ќе биде на Sundance TV следната година. Првата сезона беше емитувана на Sundance Film Festival во 2013 година.

Advertisements
To Top