Никој не очекуваше вакво збогум: Вака Памела Андерсон се збогува од Хју Хефнер


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ако некој е најзаслужен за планетарната популарност на своевремено најпосакуваната Плејбој зајачица на светот и секс бомба која ги излудуваше машките страсти, Памела Андерсон, тоа сигурно е Хју Хефнер.

Но, нејзиното збогување од славниот могул кој почина синоќа, а кој „Плејбој“ го направи број еден списание за мажи, ги изненади сите, а многумина, како што сами признаа, и малку непријатно.

Памела прв пат се појави на страниците од „Плејбој“ во 1989 година, а беше прогласена за „зајачица на годината“ веќе следната 1990 година. Благодарение на шансата која ја доби од Хефнер, Пам подоцна се проби и во холивудските шоубизнис води. После тажната вест за смртта на Хефнер, Андерсон на Инстаграм објави снимка на која лежи во кревет, со размачкана шминка и плаче. Покрај снимката го објави и своето подолго последно збогум упатено до Хју.

„Господине Хефнер, имам толку мисли, но моментално немам мозок кој би ги обработил. Постојам поради тебе, ме научи на сè што е важно за слободата и почитувањето. Надвор од семејството, ти беше најважниот човек во мојот живот. Ти ми даде живот…Луѓето секогаш ми кажуваат дека ти бев омилена…

Целосно сум во шок. Беше стар, грбот многу те болеше. Последен пат кога те видов, користеше помагало за одење и не сакаше да го видам тоа. Не ме слушна. Имаше парче хартија во џебот кое ми го покажа, на него беше моето име Памела и срце околу него. Сега се распаѓам. Ова чувство е тотално лудило. Во Париз моментално врне. Покрај прозорот сум. Сè што луѓето сакаат кај мене е така бидејќи ти ме разбираше. Ме прифати, ме охрабри да бидам тоа што сум. Сакај како што никој не сакал досега. Живеј со полни гради, без сопирачки. Ми рече дека твоето списание е за девојки каква што сум јас, дека сум олицетворение на духот за кој си копнеел и сонувал. Јас бев таа, така си рекол.

Можам да те чујам како велиш – биди храбра, нема правила. Живеј го својот живот, горд сум на тебе. Нема грешки. А со мажите – уживај…(твоето прекрасно смеење). Го имаш светот под нозе, ти си добра девојка и толку многу сакана – не си луда. Дива си и слободна, остани силна, остани ранлива…„Време е за филмови“…Ги сакаше моите синови, секогаш, секогаш беше тука за нас. Со својата љубов, со твојата луда мудрост. Сето тоа ќе ми недостига. Фала што светот го направи подобро место. Послободно и посексапилно место.

Беше џентлмен, шармантен, елегантен, галантен и толку забавен. Збогум Хеф…твоја Памела“.

Преглед и видео ривју на онлајн слотови од најдобрите казина на македонски јазик само на Casinobonus.mk.