Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Кучето скитник Дрого беше спасено од улиците на Сараево и одведено на шкотскиот остров Аран, каде го вдоми едно тамошно семејство. Мелезот од германски овчар стана најпознатото куче во Шкотска бидејќи за време на првата прошетка, им побегна на газдите и веќе седум месеци се обидуваат да го фатат и да го вратат дома, пишува Telegraph.
Сопственичката Ема Кембел сакаше да му пружи љубов и топол дом на кучето, но што прв пат го изнесе надвор и ја отвори вратата од автомобилот, тој побегна.
Потоа таа користеше бифтек и скараџиски колбаси за да го намами да се врати, но нејзините обиди беа безуспешни. Го контактирала и босанското засолниште во кое Дрого престојувал извесно време за да праша за совет, а тие ја советувале во близина на куќата да постави своја маица, за кучето да го почувствува нејзиниот мирис и да го најде патото до дома.
Дури ја вдоми и неговата сестра Голди, со надеж дека поради крвната поврзаност Дрого ќе се врати, но кучето остана на својата намера да скита на островот.
Стана славно куче, а локалците редовно известуваат каде го виделе и со камери од мобилните го следат неговото движење на островот. Снимен е како на чекор се приближува до замка, на 20 метри од куќата на газдарицата, но секогаш си заминувал во нови скитнички авантури.
„Има изминато многу километри и ја преживеа суровата зима. Се обидува да најде храна и засолниште. Многу е уплашен и никогаш не лаел ниту ’ржел на луѓе“, вели сопственичката.
Таа, заедно со нејзиниот сопруг Алан и двете деца побараа помош од тим за ловење на кучиња кои планираат да се вратат на островот со поголема замка поради сезоната на овци кои ќе одат на пасење.
„Дрого не е запознат со околината. Му недостига социјализација со луѓе. Кога кучето ќе се врати во состојба на преживување, се враќа на основните инстинкти, дивина и барање храна, вода и засолниште“, вели Енди Типенс од здружението кое се надева дека ќе го фати Дрого и ќе го врати дома.