Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Тренерот на Манчестер Јунајтед Оле Гунар Солскјер стави „вето“ на трансферот на Герет Бејл и не го сака во својот тим.
Според пишувањата во англиските медиуми, 46-годишниот Норвежанец планира да го подмлади составот на „црвените ѓаволи“ и поради тоа се откажал од Бејл.
Бејл има договор со Реал Мадрид до 2022 година и „кралевите“ јасно му порачаа дека за него нема повеќе место во тимот. Сепак, тешко дека ќе можат да најдат клуб кој е заинтересиран за Велшанецот.
Бејл има висока плата од 17 милиони евра по сезона и не сака да се откаже ниту од цент од своите примања, па е спремен да остане на трибини во Мадрид и да го одработи договорот.
Најконкретна можност за 29-годишниот Велшанец беше токму Манчестер Јунајтед, но сега пропадна и таа можност, бидејќи Солскјер сака да ја засили таа позиција со помлад фудбалер.
https://youtu.be/LyNUaLodwLg