Никој како ПСЖ: Французите срушија неверојатен рекорд во ЛШ!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пари Сент Жермен синоќа демонтрираше сила и со високи 7:1 го декласираше тимот на Селтик.

Со тоа францускиот тим стана најефикасната екипа во историјата на групната фаза од Лигата на шампиони со 24 гола во пет натпревари. Досегашниот рекорд го држеше Борусија Дортмунд со 21 гола минатата сезона.

ПСЖ победи на сите пет натпревари, а импресивно е што до сега примија само еден гол во Групата Б. Доколку во последното коло Баерн не победи со повеќе од три гола разлика, „светците“ ќе бидат победници во групата.

Од досегашните натпревари се донесува заклучок дека триото Нејмар, Кавани, Мбапе можат да постиге гол било кога, било каде и против било која екипа.