Никој како баба и дедо: Ги фатиле со 27 кила марихуана – ќе ја делеле како подароци


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Брачен пар на осумдесет и кусур години е под закана на кривично гонење, откако полицијата ги фатила со 27 килограми марихуана. Бабата и дедото изјавиле дека „тревата“ планирале да ја поделат како подароци за Божик за нивните роднини и пријатели.

Патрик (80) и Барбара (83) Жирон патувале од Калифорнија во Небраска, каде што полицијата ги сопрела и со помош на кучиња трагачи ја открила марихуаната во нивниот автомобил.

„Тие кажаа дека марихуаната им била за подароци за Божик“, изјави портпаролот на полицијата Пол Врбка. Вредноста на марихуаната на пазарот изнесувала 300 илјади долари.

Патрик Жирон е обвинет за поседување на марихуана со намера за продавање и за немање доказ за платени даноци за марихуаната. Тој бил приведен, но брзо потоа пуштен од притвор.

Марихуаната се уште е забранета за продажба во Небраска и покрај неколкуте обиди на законодавците за легализација на истата во медицински цели.