Никогаш позаводлива: Џеј Ло со спот за новата песна „Medicine“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Славната пејачка Џенифер Лопез на својот YouTube канал го објави новиот спот кој го сними за синглот „Medicine“, кој го работеше заедно со раперот со мароканско потекло Френч Монтана.

Песната на 3 април ја објави прво во аудио издание, а за брзо пристигна и спотот за истата. Ова е трета соработка меѓу Џенифер Лопез и Монтана, после сингловите „Same Girl“ и „I Luh Ya Papi“.

„Обожавам да соработувам со луѓе од Бронкс, се чувствувам како дома. Едноставно, тука проработува посебна поврзаност“, изјави Лопез за соработката со Френч.

Интересно е да се истакне дека во спотот за новата песна Џеј Ло се појавува во опасно заводливо и жешко издание, покажувајќи ја својата топ линија и жешкиот задник кои ги одржува во форма иако оваа година наполни 50 години.

Покрај тоа, заводливата латино дива во овој спот ги покажа и своите вештини за танцување околу шипка.