„Никогаш не зборувајте лошо за другите“ – 20 индијански животни правила


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Етичкиот кодекс на северноамериканските Индијанци може да не инспирира на важни промени во размислувањето и животот.

  1. Разбудете се со сонцето и помолете се. Молете сами. Молете често. Еднаш Големиот Дух ќе ги послуша вашите молитви.
  2. Бидете толерантни спрема оние кои заминале по други патишта. Незнаењето, лутината и љубомората доаѓаат од изгубените души. Молете се да се вратат на вистинскиот пат.
  3. Пронајдете се себеси. Не дозволувајте другите да управуваат со вашите патишта. Тоа е само ваш пат. Останатите може да одат со вас, но никако не може да бидат напред, наместо вие.
  4. Биде обѕирни спрема гостите во вашата куќа. Послужете им ја најдобрата храна, понудете им го најдобриот кревет, бидете со нив поштени и праведни.
  5. Не земајте што не е ваше, без разлика дали е тоа од човековата заедница, природата или нечија култура. Не сте го заслужиле тоа ниту сте го добиле. Не е ваше.
  6. Почитувајте се на земјата, како луѓето, билките така и животните.
  7. Почитувајте го мислењето на другите, нивните желби и зборови. Никогаш не ги прекинувајте додека зборуваат. На секого дозволете му право на слободно мислење.
  8. Никогаш не зборувајте лошо за другите. Негативната енергија која ја праќате, ќе ви се врати неколкукратно.
  9. Сите луѓе грешат. Секоја грешка може да биде простена.
  10. Негативните мисли создаваат болест на умот, телото и духот. Вежбајте го оптимизмот.
  11. Природата не е наша, таа дел од нас. Природата е дел од нашето глобално семејство.
  12. Децата се иднина. Всадете им во срцата љубов, водете ги кон мудроста и учете ги за животот.
  13. Избегнувајте го повредувањето на туѓите срца. Отровот на таа болка ќе им се врати на сите.
  14. Секогаш бидете искрени.
  15. Одржувајте ја својата рамнотежа. Ментално, духовно, емоционално и телесното „јас“ мора да бидат еднакво снажни, чисти и здрави.
  16. Свесно одличете што ќе бидете и какви ќе бидете. Бидете одговорни за вашите постапки.
  17. Почитувајте ја туѓата приватност и личниот простор. Не мешајте се во туѓо сопствеништво. Тоа е забрането.
  18. Бидете сигурни во себе. Не може да помагате на другите ако најпрво не си помогнете себеси.
  19. Почитувајте ги туѓите верски верувања. Не присилувајте ги другите да веруваат во вашите.
  20. Делете ја својата среќа.