Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Минатата недела Пејџ Спиранац беше ангажирана да го отвори турнирот Dubai Desert Classic. Никој не трепна со око кога го зеде микрофонот на машкиот турнир.
Таа себеси се претставува како професионална голферка и ѕвезда на социјалните мрежи, не сака да слуша за тоа дека нејзините настапи се само симболични, иако не е ни меѓу 100-те најдобри голферки на светот. Но, има 1,2 милиони следбеници на социјалните мрежи.
„Кога станува збор за светот на голфот, знам дека луѓето ме гледаат како шега. Мислам дека не сум шега. Да бев машко со иста база следбеници на социјалните мрежи, мислам дека немаше да ме сметаат за шега. Би рекле дека тоа е одлично“, вели таа.
Дубаи одигра голема улога во нејзината кариера. Иако нема некој статус о своите Соединети Американски Држави, во 2015 и 2016 година доби покани за женски турнир, каде кон неа се однесуваа како кон „микро-ѕвезда“, а медиумите се распишаа за сексапилната голферка.
„Турнирите мора да ги отвораат паметни типови и лица фокусирани на социјалните мрежи за да привлечат нови играчи“, тврдеше организаторот на турнирот.
Голферката Лора Дејвис не беше воодушевена од таквиот став.
„Ако е поканета од било кога друга причина, а не затоа што е добра голферка, тогша ова нема смисла“, вели таа.
Тогаш Пејџ ја прашале дали е модел или голферка, што воопшто не било убаво и вкусно за неа.
„Во двата наврати кога бев тука беше гадно. Медиумите ме следеа, беше стресно и многу тешко. Им кажав дека повеќе нема да се вратам на тој турнир. Луѓето мислат дека секаде ме канат поради облеката која ја носам (сите фаќаа кусур на хеланките кои ги носи додека игра голф). Тоа не е фер спрема мене, ниту кон моите достигнувања. Веројатно повеќе му служам на општеството од било која друга голферка. На луѓето кои тврдат дека сè добивам бидејќи го покажувам деколтето, им порачувам дека не се фер. Тоа е неправда со која ние жените секојдневно се соочуваме, особено во голфот“, се жали атрактивната убавица.
„Ми се закануваа преку социјалните мрежи, му се закануваа на моето семејство. Ми се закануваа со смрт, ме уценуваа. Сето тоа додека се обидував да играм голф“, додава таа.