Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Успехот на еден од најголемите и најнаселени кинески градови, Шенжен, да стигне до 99-процентна покриеност на такси превозот со автомобили на електричен погон заслужува стоечки аплауз и длабок наклон до земја – заради посветеноста, заради упорноста и заради фокусираноста во постигнување на оваа импозантна статистика.
Од управата на Шенжен објавија дека од вкупно 21.689 такси возила кои оперираат во градот, речиси сите се на електричен погон. Минатата година во градто возеле само 7.500 такси возила на бензин, но годинава тој број е намален на само неколку. Овој милионски град со 12,5 милиони жители е втор по ред во светот, а најголем светски град, каде е остварен ваков напредок.
Во Таиџуан, град на северот на Кина, кој брои 4,3 милиони жители уште во 2016 имаше исклучиво такси возила на електричен погон.
Се смета дека над 20.000 такси возила на електричен погон ќе ја намалат емисијата на јаглеродни соедниненија за 850 000 тони годишно.
Во градот има и околу 20 000 пунктови за бесплатно полнење на такси возилата.