„Ние не сме предавници“: Венецуелски војник запали писмо упатено од Гуаидо до нив


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Откако еден од граѓаните им врачи документи на тројца припадници на венецуелските воени сили меѓу кои беше и писмо упатено од опозицискиот лидер Хуан Гуаидо, еден од војниците јавно го запали писмото без воопшто да ја прочита неговата содржина.

На снимката со коментар „Војската на Венецуела го отфрла писмото на Гуаидо“, маж му дава документ на војникот, му предлага да се запознае со него, но војникот, не читајќи го, го пали писмото. Еден од нив кажува дека војниците не се предавници и дека не можат да се купат.

Војската инаку му е лојална на актуелниот претседател на Венецуела Николас Мадуро и се смета дека само уште таа ја одржува разнишаната политичка сцена на Венецуела, која ескалираше откако по претседателските избори опозицискиот лидер Хуан Гуаидо се прогласи за привремен лидер на земјата.

Мадуро, кој барем официјално, од тие избори излезе како победник, го смета Гуаидо за странски платеник зад кој стојат САД и други западни сили. Зад него, пак, стојат Русија и Кина.

Гуаидо минатата недела се обиде да спроведе нешто слично на државен удар, но не му појде од рака, бидејќи оружените сили не застанаа зад него. Тој сега размислува и отворено да ги повика САД да се вмешаат во решавањето на венецуелската криза.