Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сплитскиот менаџер Иван Бубало често на својот Фејсбук профил ги коментира случувањата и познатите ликови од хрватската естрада, а сега открива и која пејачка, според негово мислење, е „најдобра инвестиција во Хрватска“.
„Кога јас би се прашувал, би ги вложил сите пари во Доменика. Најисплатливата инвестиција во Хрватска (подобра отколку туризам или градежништво), 100% сигурна инвестиција. Има, засега, три песни и кога би правела свој концерт (со Миа Димшиќ како гостинка), нема сала која не би ја наполнила. Видете, ги има сите пет предуслови кои мора да ги имаат ѕвездите. (Затоа Вана, Нина, Лана, Мана, Пана и така натаму не се ѕвезди…бидејќи ги немаат петте карактеристики). Еден од нив, и тоа клучниот, се дуото Хуљиќ“, напиша Бубало за младата пејачка.
Доменика Жувела вниманието го привлече со песната „Кад сам с тобом“, а после тоа ги издаде и песните „Види се из авиона“ и „Љубавна лимунада“. Многумина ја споредуваат со Јелена Розга, поради изгледот, но и поради сличната боја на гласот.