Ни рецесија, ни криза ги допира: Оваа земја 25 години е во постојан економски раст


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Австралиската економија забележила голем раст во четвртиот квартал од минатата година, со што оваа економија богата со ресурси го продолжува 25 годишниот период без рецесија.

Тоа ја приближува Австралија до рекордот на Холандија кога е во прашање непрекинат економски раст во модерниот период. Рекордот на Холандија е поставен помеѓу 1982 и 2008 година, а на Австралија и недостига само еден квартал на раст како би го достигнала.

Големиот извоз и растот на личната потрошувачка се клучни за економскиот раст на земјата. Не била во рецесија, од јуни 1991 година. Аналитичарите сметаат дека и изгледите за оваа година се прилично позитивни.

Растот на БДП би требало да се врати на стапка од 2,5 проценти, а можеби и 3 во текот на 2017.