Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Хрватскиот островски убавец Хвар е прогласен за најдобар и најубав остров во Европа, од читателите на познатото и ценето списание „Конде наст травелер“.
Зад него се грчките острови Миконос, Закинтос, португалскиот Мадеира и италијанскиот остров Искија. Написот истакнува дека Хвар е одлична дестинација преку целата година, особено поради топлите лета и благите зими, посочувајќи ја добро познатата статистика за Хвар – дека ова е најсончевиот остров во Хрватска, со повеќе од 2.800 сончеви часа годишно.
Со вкупна оценка од 96,56 / 100, Хвар е избран и за шести најдобар остров во светски рамки.
Ова светски престижно списание го нагласува и богатото историско наследство на Хвар, истакнувајќи ја тврдината Фортика како споменик на културата кој мора да се посети. Исто така, се истакнува и познатата жетва на хрватска лаванда на Хвар, која станува една од главните особености во летните месеци.
Хвар ја освои титулата најдобар европски остров и во 2019 година.