Ни годините не му можат ништо: Мирко Филиповиќ го растури Кинг Мо


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Хрватската кик-боксерска легенда, популарниот Мирко Филиповиќ, во четвртфиналето Ризиновиот турнир во Јапонија славеше против незгодниот фајтер Мухамед „Кинг Мо“ Ловал.

Американецот доминираше на почетокот, меѓутоа, следеше пресврт. По првата рунда, во која можеше да се види жестока борба, популарниот Cro-Cop успеа во втората рунда да му зададе неколку брзи и незгодни удари на противникот и да го фрли во нокаут, со што докажа дека е класа од борец и на 42 години.

Филиповиќ во полуфиналето ќе се судри со Каидо „Баруто Каито“ Хувелсон.

Еве ја и скратената high-light верзија од борбата.