Advertisements
Научна реалност

NGC 2903 – каква убавица!

Вселенскиот телескоп Хабл направи нова, фантастична фотографија од спиралната галаксија именувана NGC 2903. Галаксијата NGC 2903 е дел од констелацијата Лав, оддалечена околу 30 милиони светлосни години од Земјата.

За оваа галаксија е карактеристично тоа што во нејзиниот централен дел несвојствено брзо се создаваат нови ѕвезди. Во тој дел од вселената, покрај NGC 2903, НАСА успеа да „улови“ со Хабл уште стотина галаксии во форма на диск.

Спиралните галаксии се најбројни во вселената со застапеност од 75 отсто од вкупниот број на галаксии. До 1960-те години човештвото сметаше дека нашата галаксија Млечен Пат е единствена со таков облик, но потоа истата беше прекласифицирана како само уште една спирална галаксија. Краците од спиралните галаксии се полни со ѕвезди, односно сончеви системи, но и космичка прашина и понекои експлозии на гасови.

НАСА, која моментално е опседната со црните дупки (бидејќи неодамна за прв пат во историјата успеаја да фотографираат една таква) вели дека во центарот на таквите спирални галаксии се наоѓаат токму црни дупки. Со Хабл сакаат да истражат која е поврзаноста меѓу тие црни дупки и нивните соседни галаксии.

Научниците се надеваат дека со оваа и други идни студии и истражувања ќе успеат да го сфатат односот меѓу црните дупки во центарот на галаксијата и издолжените области во нејзината средина, преполни со ѕвезди, гасови и космичка прашина.

Advertisements

Најпопуларно

To Top