Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Старлетата Елизабет Руиз, која наводно барала 2,5 милиони долари за да не ја објави секс снимката со познат играч од американската фудбалска лига, од судот доби три дена за да ги предаде сите експлицитни снимки со играчот на Бронкос кои ги поседува.
Вон Милер, ѕвездата на Бронкос од NFL, ја тужиеше старлетата Елизабет Руиз поради уцена, а судот донесе пресуда во негова корист. Таа, пак, тврди дека снимката не ја задржала поради уцена, туку за да може да мастурбира на неа, пренесува Westword.
Со ѕвездата од американскиот фудбал Руиз се сплеткала минатото лето во Мексико, а тој бил свесен дека постои таква снимка со него, па пратил порака до Елизабет да ја избрише, на што таа одбила да се согласи. Два месеци подоцна таа наводно му се заканила со уцена, а тој ја „почести“ со тужба.
Вон Милер неодамна потпиша шестгодишен договор со Бронкос тежок 114,5 милиони долари, а секс скандалот на големо одекна во американските медиуми.