’НЕЗАВИСЕН’: Нов весник со ГРЧКИ КАПИТАЛ во Македонија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонската медиумска сцена е збогатена со нов дневен весник, кој ќе се дава бесплатно. Името му е „Независен“, а во него ќе работат бројни познати новинари.

Интересно, во периодот кога се заговара промена на името, се појавува бесплатен дневен весник со грчки капитал во Македонија.

Зад проектот „Независен“ стои грчката Независна балканска новинска агенција – ИБНА, која денес ја промовираше интернет страната на дневниот весник Независен.мк , додека кон крајот на месецов ќе почне и издавањето на новиот весник, во кој веќе се ангажирани десетина македонски новинари.

„Под заедничко име „Независен“ ќе се обидеме да ѝ додадеме моќ на информацијата, како еден од новите медиуми што сакаат да го искачат повторно на „пиедестал“ новинарството во земјата“, пишува во уводниот текст на денеска промовираниот портал.

Главен и одговорен уредник е долгогодишниот новинар на Утрински весник, Слободанка Јовановска, а новинарскиот тим се состои од искусни новинари од кои повеќето доаѓаат од поранешните изданија на Медиа Принт Македонија: Александра Митевска, Лејла Сабит, Горан Адамовски, Сашко Димески, а редовен колумнист ќе биде Ерол Ризаов.

„Независен весник“ е предвидено да биде бесплатен и освен на македонски ќе содржи и три страни информации на англиски јазик. Директор на фирмата регистрирана во Македонија е Никос Фрагопулос долгогодишен дописник од Скопје на атинската новинска агенција АНА.

Сопственик на ИБНА е Спиродон Сидерис, грчки новинар и издавач кој исклучиво се бави со медиумскиот бизнис.