Вебкафе

НЕЗАСИТНА ПРОФЕСОРКА: Имала секс со најмалку пет ученици


Наставничката која имала полови односи со неколкумина ученици од школото во кое предава, осудена е на условна затворска казна од две години. Но, поради двете прекршувања на условите, повторно се најде во затвор.

Бившата наставничка која била поштедена од затворска казна откако во претходниот случај признала дека имала секс со 17-годишен ученик додека нејзиниот сопруг и децата биле во истата куќа, повторно заврши во затвор откако наводно по втор пат ги прекршила условите од условната казна, пренесува Daily Mail.

На 3 јануари бил издаден налог за апсење на Киша Наколс, бидејќи ги прекршила условите од условната казна така што не го регистрирала бројот на својот мобилен во Регистарот на сексуални престапници. Оттука, времето до почетокот на судскиот процес кој почнува на 1 март, ќе го помине во затвор без можност за излез со кауција. Ова е веќе втор пат како 40-годишната професорка е обвинета за прекршување на условната казна. Во август таа призна дека консумирала алкохол и користела Фејсбук за време на условниот рок, па поради тоа отслужи 30 дена во локалниот затвор Ханкук.

Првично, во ноември, 2016 година, таа е осудена на две години куќен притвор. Но, откриено е дека не го регистрирала својот Фејсбук профил во Регистарот на сексуални престапници. Во склад со условите од условниот рок, Наколс морала да ги пријави сите свои кориснички сметки од социјалните мрежи. Покрај тоа, добила забрана за консумирање алкохол, но на една Фејсбук фотографија се појавила со чаша алкохолен пијалок во раката. Службениците го претресле нејзиниот дом и пронашле 14 шишиња алкохол, чаша со разладено вино до нејзиниот кревет и смартфон.

Наколс била помошничка во наставата, спасителка и заменик наставник во локалното школо Монт Вермонт, во близина на Индијанаполис, кога била уапсена во април, 2016 година. Во ноември, истата година, ја признала вината за казнено дело заведување дете и признала дека повеќе пати споделувала експлицитни фотографии, како и дека имала повеќе пати секс со 17-годишно момче. Покрај тоа, признала и дека имала непримерни односи со најмалку петмина моментални или бивши ученици во школото во кое работела.

Полицијата изјави дека Наколс започнувала контакт со учениците преку социјалните мрежи како Снепчет, Твитер и Инстаграм, а потоа и лично се среќавала со нив заради секс. На суд е наведено дека Киша Наколс неколку пати им рекла на децата дека мора да бидат тивки, бидејќи нејзиниот сопруг и децата се дома. Полови односи имала и во паркирани возила, меѓу кои и во автомобилот од нејзината ќерка.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top