Незадоволна сопруга за малку ќе го компромитирала „Денот Д“ во Втората светска војна


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Документи на британската разузнавачка агенција МИ5 откриваат дека малку фалело да се откаже истоварот на сојузниците на Нормандија во 1944 година и тоа поради бизарна причина – незадоволна жена!

Имено, една од главните улоги во „Денот Д” имал шпанскиот двоен агент Хуан Пујол Гарсија, чија задача била да ги измами германските шпиони дека сојузниците ќе се истоварат во Кале, а не во Нормандија.

Гарсија ги убедил своите германски колеги дека во Велика Британија раководи со цела мрежа шпиони, но никој во Берлин немал поим дека човекот всушност работи за МИ5 под кодно име Гарбо, пишува „Гардијан“.

Меѓутоа, документи чувани во Националниот Архив на Обединетото Кралство откриваат дека Гарбо имал всушност многу поголеми проблеми од лажењето на нацистите. Го мачела сопругата. Додека Гарсија ја планирал тајната операција, неговата сопруга се грижела за нивниот син во безбедна куќа на МИ5 и умирала од досада.

Била осамена, носталгична и на раб на нервен слом поради ужасното англиско време. Се гадела и од британската храна. – Премногу тестенини и компири, а риба нема воопшто, плачела очајната Арачели Гонзалес де Пујол.

Набрзо и Британците увиделе дека нервозната Арачели може да претставува проблем и морале брзо нешто да смислат да ја замолчат. И планот бил одличен. – Госпоѓо, поради вашите закани дека ќе се вратите во Шпанија моравме да го уапсиме вашиот сопруг. Едноставно, постои преголем ризик дека ќе се открие и целата операција ќе пропадне, и рекле агентите на МУ5 на шокираната жена.

Секако, апсењето на Хуан било чиста лага, но жената толку се преплашила што експресно напишала документ во кој стои дека ќе престане да бара да се врати во Шпанија. И планот успеал – Арачели конечно замолчела!

Пујол пред војната работел на фарма за кокошки во Шпанија, но во 1941 година се пријавил во тренинг камп на германската шпионска агенција. Првата задача ја добил во Лисабон од каде во Берлин праќал многу извештаи. Меѓутоа, кога го откриле Британците, Гарсија престанал да работи како двоен агент. Семејството му се преселило во Лондон, а тој со помош на Томас Харис создал лажна мрежа на шпиони која оперирала во Англија. Германците верувале дека дури 27 агенти работат за него.

На крај Гарсија добил клучна задача, да ги убеди Германците дека десантот ќе се случи во Кале. Соработникот на Гарсија, менторот Томас Харис во својот извештај потенцирал дека Хуан работата ја работи одлично, но дека неговата сопруга претставува се поголем проблем. – Носталгична е, никогаш не успеа да се навикне на животот во Англија, напишал тој.

Дури не се потруди ни јазикот да го научи, пишува Харис и додава дека Гарсија и забранил да се дружи со Шпанци за да не ја разоткрие неговата улога.

– Желбата за враќање во Шпанија ја претвори во нестабилна жена. Со месеци ме молеше да и средам да си оди дома, а во еден момент отиде толку далеку што се закануваше дека ќе го остави сопругот. Кога ни тоа не и успеа, ни се закануваше дека на сите ќе открие кој е Хуан и со што се бави… Состојбата стана уште полоша откако се закани дека ќе се убие. Пушти гас во кујната и се обиде да се задуши, наведува Харис.

MИ5 дури тогаш нејзините закани ги сфатила сериозно. Но, знаеле што треба да направат и ја затвориле устата на Арачели и се погрижиле да остане на Островот. Британците поставиле војници пред безбедната куќа кои 24 часа дневно ја чувале нестабилната жена да не направи некоја глупост. И кога Арачели конечно се смирила, Гарсија можел да ја врши својата работа. И ја завршил одлично, Германците никогаш не откриле дека работи како двоен агент.

Дури го одликувале поради брилијантни разузнавачки извештаи. По војната добил и бројни одликувања и од Обединетото Кралство. По војната ја лажирал својата смрт во Ангола (маларија) и се преселил во Венецуела каде работел во библиотека.

Од друга страна, приказната со носталгичната Арачели не добила среќен крај. Тие се развеле, Хуан се оженил со друга и среќно живеел со неа до својата смрт во 1988 година.