„Незаборавно…фала Герет“: Карло Анчелоти со епска фотографија му се заблагодари на Бејл кој најави крај на кариерата


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Иако годините, ги има 33, не се возраст на која модерен фудбалер ја завршува професионалната фудбалска кариера, сепак, поради честите повреди кои го одвлекуваат од стартна позиција во тимот и од терените, Герет Бејл реши порано од предвиденото да стави крај на кариерата.

А Бејл има со што да се пофали во својата богата и успешна фудбалска кариера, посебно во дресот на Реал Мадрид. Сè уште се свежи сеќавањата на фантастичните партии на офанзивецот. Тоа го потврди и легендарниот стратег и челник на кралскиот клуб, Карло Анчелоти, кој во име на повлекувањето на Бејл се потсети кога Велшанецот го изведе можеби и потегот на кариерата.

На „Ел Класико“ натпреварот, Бејл како брз воз претрча покрај Марк Бартра и успеа да постигне погодок, кој според многумина е посочен како еден од најубавите голови постигнати во модерниот фудбал.

Токму со фотографија од тој гол која ја објави Анчелоти симболично му се заблагодари на Бејл за фудбалските заложби при што кратко напиша: „Незаборавно… ти благодарам Герет“.