Невзат Бејта од ДУИ: Ниту еден Албанец не сака коалиција со Груевски


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Ниту еден Албанец не сака да соработува со Груевски, изјави Невзат Бејта, потпретседателот на ДУИ во емисијата Клик плус на ТВ 21. Гостиварскиот градоначалник ова го изјавува во екот на разговорите за можни комбинаторики за формирање на коалиција за нова македонска влада. Наспроти него, портпаролот на партијата беше многу повнимателен и рече дека одлуката за коалицирање нема да биде во спротивност со волјата на Албанците.

Политичкиот говор на Никола Груевски кон Албанците беше навредлив и ниту една албанска партија нема да коалицира со него, изјави Бејта во емисијата Клик Плус.

Официјално и од ДУИ и од ВМРО-ДПМНЕ велат се уште не почнале преговорите за формирање на новата влада. Сите велат, прво да се конституира Собранието, па потоа.

Бујар Османи, портпаролот на ДУИ вели дека во партијата се дискутира за пристапот на партијата, но нема конечна одлука бидејќи „треба да се координираме и со другите албански парти. За нас е важно сега да излеземе со заедничка албанска платформа и пред да се координираме со другите партии, ставот на ДУИ во таа насока нема да биде финален, вели Османи.

Од партиите на Албанците во Македонија, речиси сите досега се изјасниле дека нема да коалицираат со ВМРО-ДПМНЕ – и од Беса и од Алијансата за Албанците. Од ДПА велат дека двајцата нивни пратеници ќе ја следат политиката на Беса, а еве ја сега и изјавата на Бејта од ДУИ (освоени 10 пратеници).

Она што ќе остане како отворено прашање во таа можна коалиција меѓу СДСМ, ДУИ, ДПА, Алијанска за Албанците и Беса (5 пратенички места), а ставот на претседателот на Беса е дека тие нема да коалицираат со ДУИ, се додека таа партија ја водат осомничени лица. Оваа евентуална коалиција би имала мнозинство од 61 или 64 пратеници и без Беса. Од Алијансата за Албанците (3 пратенички места) засега се изјасниле само за тоа дека коалицирањето со Груевски за нив е невозможно.