Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Како последица на обилните дождови кои го зафатија северозападниот дел на Босна и Херцеговина, во Приједор се поплавени околу 200 живеалишта, а дојде и до пораст на нивото на водата и излевање на реката Пухарска, која се влева во Сана.
Реката Јошавка, поради огромната количина на дожд која вчера падна во попладневните часови и која се уште паѓа, се изли на главниот пат Челинац – Прњавор преку Стара Дубрава.
Поплавена беше и населбата Урија, а реката Враголовача се изли од коритото во местото Јутрогошта и го пресече локалниот пат. Мештаните ја спасуваат стоката од шталите, кои се во близина на оваа река.
Дождот почна да паѓа вчера попладне, по што следеше бура пропратена со грмотевици. Германскиот „Блицкорунг” детектира околу 4.000 молња во Поткозарје.
Се очекува утре да престанат интензивните врнежи во БиХ.
Силно невреме вчера ја зафати и Хрватска.
На улиците во Загреб во сите делови на градот утринава имаше многу скршени гранки, дрвја, растурени контејнери за отпадоци или дрвени штандови, а некаде и истргнати семафори. Итните служби и пожарникари се на терен, а полицијата ги предупредува граѓаните да не одат надвор ако немаат итна потреба.
Невереме се очекува и во Србија. Републичкиот хидрометеоролошки завод на Србија го повтори предупредување дека од денеска до петок се очекува голема количина на врнежи.
Сите надлежни служби воведоа 24-часовни дежурства на водостоите на реките, а РХМЗ го вклучи портокаловиот и жолтиот метеоаларм.