Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев за жал ќе има еден невообичаен крај на фудбалската кариера.
Во минатото коло Пандев беше дел од последниот натпревар на „Енио Тардини“, а тој натпревар се покажа и како последен во неговата кариера. Се очекуваше во последното коло против Кротоне да биде во составот и тоа да биде последниот натпревар во кариерата, но тоа не се случи.
Тренерот Џузепе Јакини поради повреди имаше проблем со ростерот, а Пандев беше еден од играчите кои мораа да бидат изоставени.
Mister #Iachini ha convocato 2️⃣0️⃣ crociati per #CrotoneParma 📝➡️ https://t.co/IdRvSQXpEp#ForzaParma 🟡🔵 pic.twitter.com/WYkc5bHV85
— Parma Calcio 1913 (@1913parmacalcio) May 5, 2022
Последниот натпревар на Пандев во кариерата ќе биде вторто полувремето во ремито на Парма против Алесандрија. Ќе потсетиме Пандев уште претходно по Европско првенство се пензионираше од репрезентативниот дрес, а сезонава ако нема пресврт е негова последна во клупскиот фудбал.