Невин одлежа 20 години во затвор – дури сега се докажа неговата невиност


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


51-годишниот Хаваец Алберт Иан Швајцер помина 20 години во затвор обвинет и осуден за силување и убиство. Дури сега беше докажано дека е невин и воопшто не бил на местото на злосторството.

Швајцер беше осуден во 2000 година за убиство на 23-годишната туристка од Вирџинија Дејна Ајрланд на Божиќ во 1991 година. Тој доби 130 години затвор, но секогаш тврдеше дека не е виновен.

Во вторникот судијата Петер Кубота донесе одлука Швајцер да биде итно ослободен, откако се појавија докази дека тој во моментот на несреќата бил на сосема друго место. Тој е ослободен од затворот на Големиот остров, каде што беше префрлен на сослушувањето од затворот во Аризона.

Швајцер подоцна изјави за АП дека правосудниот систем има недостаток, истакнувајќи дека тој е само еден од многуте затворени за злосторства што не ги извршиле.

Дана Ајрланд беше пронајдена едвај жива во грмушките покрај патеката во Пуна, оддалечен дел од Големиот остров на Хаваи. Била силувана и претепана, а подоцна од повредите починала во болница. Велосипедот што го возела бил пронајден неколку километри подалеку, изгледало како да го удрило возило.

Убиството на туристката од Вирџинија привлече големо внимание на јавноста во САД и остана нерешено со години, па полицијата беше под голем притисок да го пронајде убиецот.