Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Алармот за узбуна веќе се пушти. Жителите се предупредени – ни случајно немојте да јадете риба која сте ја купиле од супермаркетот. Причината е запрепастувачка.
Всушност во јапонскиот град Гамагори во продажба се пуштени пет пакувања отровна риба, која случајно залутала во пакувањата за продавање. Никој не знае кои се тие пакувања, секое е потенцијално отровно, а тие кои ќе одлучат да купат, практично играат руски рулет.
Станува збор за рибата фугу, истовремено една од најотровните и највускните риби и тоа не само во Јапонија, туку во целиот свет.
Сепак во супермаркетите може да се купи исчистена риба. Тоа беше и проблем. Пет пакувања се со токсични делови, а по грешка заминаа во продажба.
Три пакети се веќе пронајдени, но уште два се уште неможат да се лоцираат, потврдуваат од компанијата.