Авто мото

Невиден автопат во Кина: Површината на патот е провидна

автопат во Кина

Кина не престанува да фасцинира со своите архитектонски и инфраструктурни проекти. Најново е првиот соларен автопат во таа земја. Интересно е тоа што површината па патот е провидна.

Делницата на првиот автопат со соларни панели во Кина е долга околу еден километар. Таа се наоѓа близу градот Џинан, и наведено е дека овој проект е во фаза на испитување. Соларните панели се поставени под патот кој е обиколница на градот Џинан, а самата површина на патот е провидна.

Панелите покриваат 5.875 квадратни метри и можат да произведат милион киловат часови енергија годишно. Тоа е доволно за потребите на 800 домаќинства, наведено е од фирмата која го изведува овој проект.

Електричната енергија која ќе биде произведена на таа делница ќе биде користена за осветлување на патот, патоказите, сигурносните камери, тунели и патарината. А планот за во индина е фасцинантен. Во план се обезбедување на функции за мобилно полнење на електрични автомобили, и обезбедување на интернет врска. Возачите кои први го тестираа овој пат, велат дека не се разликува од останатите патишта, и пренесуваат позитивни имресии.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top