Home Вебкафе Невестата се влече по улица и го моли зетот за прошка (снимка)

Невестата се влече по улица и го моли зетот за прошка (снимка)

Свадбената церемонија на еден пар од градот Касоa, Гана, се претвори во вистинска драма како во најевтините сапуници.

Деновиве, една снимка од свадбена церемонија во Гана го обиколи светот преку социјалната мрежа ТикТок и покрена лава коментари. Имено, како што пренесуваат британските медиуми, младоженецот за време на свадбената церемонија дознал дека невестата го изневерила „последен пат“. Наводно, таа отишла да се види со своето поранешно момче ден пред венчавката и со тоа го предизвикала овој инцидент.

На снимката се гледа младоженец кој одбива да ја сослуша невестата додека таа вика, се влече по земја и плаче. Одделни сватови се обидуваат да го премислат разочараниот младоженец, меѓутоа тој си стои на своето. Невестата, од друга страна, на сите начини се обидува да го натера мажот да ѝ прости, постојано повторувајќи дека го сака само него и да ѝ даде уште една шанса. Но, според зборовите на упатениот извор, младоженецот останал доследен на својата одлука, а многумина на социјалната мрежа на кое беше објавено видеото, ја поддржаа неговата одлука.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Љубов што му пркоси на времето: Романтичната бајка на Џон Бон Џови и неговата муза Доротеја, раскажана преку 36 рози и 36 години брак

Во светот на славните, каде браковите често траат колку и насловите на списанијата, ретки …