Невеста на лицитација: Кој ќе даде најмногу, зема американско државјанство


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Американско државјанство за човекот со најголема понуда!“, гласи натписот што го држеше една девојка на шангајскиот „пазар за невести“, покажувајќи го со едната рака и својот американски пасош, пишува порталот Mashable

Сепак, една американска поговорка вели: „Тоа е и премногу добро, за да биде вистинито“, односно ергените кои беа намамени од понудата останаа „со куси ракави“. Се испостави дека девојката е активистка која протестира против таквите „аукции“ во Кина, и наддавањето за жените како да се предмети.

Многу млади Кинези се женат и мажат поради пари, а не од љубов. Семејните вредности се заменуваат со „хаосот на капитализмот“, додава изворот.