Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ако мислевте дека само ние жените се оптеретуваме со работи како староста и физичкиот изглед, грешите. Момците еднакво се несигурно околу истите работи, а често толку се срамат, поради што за нив и лажат.
Вишокот или недостатокот на килограмите
Иако жените ретко зборуваат дека имаат повеќе килограми отколку што навистина имаат, момците често ја зголемуваат бројката, особено ако се многу слаби. Истражувањето покажа дека 60% од момцте намалуваат, а 40% ја зголемуваат бројката кога станува збор за килограмите.
Заминување во салон за убавина и употреба на козметика
Не сакаме само ние добра хидратантна крема или третман за чистење на лицето. Момците еднакво како и жените уживаат во одењето во салоните за убавина, но единствената разлика е во тоа што тие многу често се срамат да признаат.
Висина
Момците со понизок раст често се чувствуваат несигурно во присутност на девојка со високи потпетици, па поради тоа понекогаш ги избегнуваат местата каде тоа е вообичаен „dress code“.
Годините
Можеби во пубертетските денови ќе излаже за некоја година старост повеќе, сепак, момците исто така понекогаш се чувствуваат несигурно поради годините, па често ги намалуваат и за цела декада.
Состојба на банкарската сметка
Сон на повеќето момци е да бидат добро ситуирани за да можат да го издржуваат семејството, да поседуваат автомобил и едноставно да се чувствуваат моќно. Покрај тоа оди и фактот дека на голем број на жени им е важна финансиската ситуација, и дека таа им е привлечна речиси како и физичкиот изглед, па не е чудно ако мажот се чувствува несигурно без поприлично финансиски средства.
Сексуално искуство и способност
Ова е погодувате, тема за која мажите најмногу лажат. Секој сака да остави добар впечаток, како кај друштвото, така и кај поубавата половина, па бројките во секој случај се преовеличени.