Неверојато: Погледнете каде живее Килијан Мбапе!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Монако оваа сезона е најголема сензација во фудбалска Европа, а најголеми заслуги за тоа секако има најголемата ѕвезда на тимот од „кнежевството“, Килијан Мбапе.

18-годишниот Французин со своите игри го привлече вниманието на сите европски гиганти и само прашање на време е кога ќе стане најскапиот фудбалер во историјата.

Иако веќе го нарекуваат „новиот Тиери Анри“ и му предвидуваат блескава иднина, овој тинејџер остана ист, стои цврсто на земја, а покрај давањето голови негова голема страст е и играње Фудбал Менаџер.

„Се се промени околу него, а Килијан остан ист. Тој е многу сигурен во себе, но и многу едноставен“, изјави неговиот пријател Ебондо.

Она што е уште поинтересно е фактот дека Мбапе се разликува од останатите фудбалски ѕвезди на кои „парите им удираат во глава“.

Иако може да си приушти луксузина вила или стан и на тренинг да доаѓа со скапоцени автомобили, Мбапе и понатаму живее скромно во својата соба во тренинг центарот на Монако. Со цел да го заштитат родителите го убедиле да остане да живее во академијата на клубот.