Неверојатно: Судијата се расплака, Ван Дајк го тешете (видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Несекојдневна сцена беше видена синоќа на натпреварот помеѓу Германија и Холандија во Лигата на нации.

Ван Дајк беше херој за Холандија со голот кој го постигна во 91-та минута и им донесе бод на „лалињата“ кој им беше потребен за влез во завршниот турнир во Лигата на нации.

Главниот судија Овидиу Хацеган не можеше да ги задржи емоциите во себе, па по последниот судиски свиреж се расплака, а Ван Дајк му пријде да го теши.

Во прв момент целокупната јавност беше изненадена од случката, но објаснувањето дојде токму од Ван Дајк.

„Човекот беше скршен од болка, облеан со солзи во неговите очи бидејќи само што ја загубил својата мајка, јас му посакав да биде силен“ рече Ван Дајк.

https://twitter.com/TheEuropeanLad/status/1064655393266311168