Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во натпреварот против Бурнмут, Манчестер Сити потешко од очекувањата стигна до победата од 1:2.
Победничкиот гол за „граѓаните“ го постигна Рахим Стерлинг во финишот, после кој настана хаос на теренот. Во тој момент Стерлинг заработи втор жолт картон и исклучување.
Но, најинтересниот момент се случи после натпреварот. Имено, „Дејли Мејл“ пренесува дека Аргентинскиот голгетер, Серхио Агуеро бил пријавен во полиција од еден од редарите кој се пожалил дека бил удрен токму од фудбалерот при хаосот кој настанал по погодокот на Стерлинг.
Англиските надлежни институции најавуваат истрага, после што ќе биде утврдено дали фудбалерот ќе биде казнет.