Неверојатно: Примија гол после 14 секунди, а противникот не ја ни допре топката!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Готово незамислива ситуација се случи за време на натпреварот помеѓу Левадија и Паиде во 16-финалето од естонскиот Куп.

Овој меч ќе остане запаметен по неверојатниот гол. Гостинската екипа го изведе почетниот удар, почнаа да си додаваат и после 14 секунди ја сместија топката во сопствената мрежа.

Левадија поведе со 1:0, а нејзините играчи не ја ни допреа топката, а конечнит резултат беше 8:0.