Неверојатно откритие за време на потрагата по авионот од Malaysia Airlines


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Остатоците од два брода кои беа пронајдени во текот на неуспешната потрага по исчезнатиот авион на компанијата Malaysia Airlines, MH 370, потекнуваат од 19 век, пренесува ВВС.

Станува збор за трговски бродови кои беа откриени на 2.300 километри оддалеченост од брегот на Западна Австралија. Им припаѓале на Британците, а се користеле за транспорт на јаглен. Екипите кои трагаа по исчезнатиот авион, остатоците од бродовите ги најдоа при пребарување на Индискиот океан во 2015 година.

Астралиските експерти користеа сонар и постоечки податоци за да ги идентификуваат бродовите.

Еден од бродовите беше забележан во декември, 2015 година, а станува збор за еден од бродовите West Ridge изгубен о 1883 година, Kooringi загубен 1894 година или за бродот Lake Ontario изгубен во 1897 година.

West Ridge потонал со 28-член екипаж на пат од Англија кон Индија, а откриените остатоци најверојатно се негови. Бил тежок помеѓу 1.000 и 1.500 тона, а пронајден е релативно недопрен, во исправена положба на морското дно, четири километри под површината на морето.

Вториот брод е најден 36 километри подалеку, во мај 2015 година, а можно е да станува збор за бродот W.Gordon, кој требало да стигне во Австралија во 1877 година, или пак станува збор за бродот Magdala изгубен во 1882 година на пат кон Индонезија. На бродовите имало екипаж помеѓу 15 и 30 луѓе.

Точната идентификација на бродовите не е можна поради некомплетните историски податоци.

Локацијата на исчезнатиот авион на Malaysia Airlines не е позната. Неуспешната потрага беше завршена во јануари 2016 година, после пребарување од 1.046 дена. На почетокот од оваа година, приватна американска компанија започна нова потрага, а пред завршувањето на истата уште нема успешни резултати.