Неверојатно откритие на Ричард Бренсон во „Големата сина дупка“ кај Белизе


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Големата сина дупка“ која се наоѓа во срцето на коралниот гребен кај Белизе е најдлабоката таква морска дупка на светот веднаш после „Змејовата дупка“ во Јужното Кинеско Море. Токму во оваа дупка се нурна милијардерот Ричард Бренсон, во рамки на експедицијата која е фокусирана на истражување на мистериозните длабочини на оваа 124 метри длабока морска пропаст.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Richard Branson (@richardbranson) on

Бренсон заедно со внукот на истражувачот Жак Кусто, Фабиен Кусто, и цел тим научници се нурнаа во „Големата сина дупка“ со подморницата Aquatica, во обид да ја расветлат мистеријата од нејзините најскриени длабочини.

Доказ дека нивото на морето некогаш било многу пониско

Дел од светската јавност во живо можеше да го следи преносот од оваа експедиција, за време на која Бренсон и Кусто неколку пати се нурнаа со подморницата до самото дно. Не само што беа први кои се спуштија толку длабоко, туку направија и снимки со висока резолуција и изработија 3D мапа на внатрешноста од „Големата сина дупка“. Целта на експедицијата беше да се соберат и анализираат што е можно повеќе податоци за квалитетот на водата и бактериите кои живеат во оваа пропаст.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Richard Branson (@richardbranson) on

Бренсон и тимот изјавија дека пронашле докази за тоа дека подводната структура не била отсекогаш дупка. На јужниот ѕид од дупката откриле подводен пештерски систем во кој снимиле големи сталактити. „Тоа се јасни докази дека Големата сина дупка некогаш била пештера, имајќи во предвид дека сталактитите се формираат само во суви пештери“, изјави Бренсон.

Тој тврди дека тоа докажува оти нивото на морето некогаш било многу пониско отколку денес, како и дека драматично се подигнало поради климатските промени. Се претпоставува дека тоа покачување на морското ниво можеби предизвикало и исчезнување на цивилизацијата на Маите меѓу 800 и 1000 година од нашата ера.0. godine.