Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Манчестер Јунајтед е на пат да направи сензационален трансфер и да го привлече во своите редови Џон Оби Микел од Челзи, тврди весникот „Сан“.
29-годишниот Нигериец падна во немилост на Антонио Конте и јавно призна дека во јануарскиот преоден рок ќе го напушти „Стемфорд Бриџ“.
Притоа Микел нема планови да го обнови договорот кој истекува на крајот на сезоната, па во јануари може да си замине за симболична сума од клубот.
Интересно е дека Мурињо сака да го доведе во Манчестер Јунајтед да биде партнер на Погба на средината од теренот, иако воопшто не му даваше минутажа во последните години во Челзи.