Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Младиот напаѓач на Монако, Килијан Мбапе константно ова лето се поврзуваше со заминување од клубот.
Во самиот финиш на преодниот рок стана речиси сигурно дека 18-годишниот фудбалер во уште еден неверојатен трансфер ќе го засили ПСЖ, но за сега од неговото заминување на „Паркот на принцовите“ нема ништо.
Се чини дека Мбапе уште некое време ќе го носи дресот на Монако и дека ова лето трансфер нема да има. За тоа заслужен е францускиот селектор, Дидиер Дешамп кој со повикот во репрезентацијата на Мбапе го спречи неговиот пат до Париз, пишува Спортски.мк.
Дешамп најави дека ниеден играч кој ќе се појави на собирот на репрезентација за претстојните квалификациски дуели, нема да може да го напушти кампот за евентуално да го заврши својот трансфер.
Со оглед на тоа дека Мбапе е помеѓу повиканите играчи, тој нема да може да го реализира трансферот, исклучиво само ако вечерва не потпише договор откако Монако ќе го одигра својот дуел против Марсеј.
Така што, виновникот односно селекторот на францускиот состав спречи уште еден спектакуларен трансфер. Сепак, ПСЖ со пари купува се, па не би било чудно доколку сепак до крајот на преодниот рок младиот Мбапе заврши во редовите на ПСЖ.