Home Спорт НЕВЕРОЈАТНО: Асенсио заработи повреда на…депилација!

НЕВЕРОЈАТНО: Асенсио заработи повреда на…депилација!

Новиот миленик во „кралскиот“ тим, Марко Асенсио нема да игра вечер за Реал Мадрид вп првото коло од Лигата на шампиони.

Шпанскиот репрезентативец не беше повикан од страна на Зидан за вечерашниот дуел со АПОЕЛ, бидејќи заработи повреда и тоа на навистина бизарен начин.

Имено, Асенсио се повредил при депилација!

Талентираниот фудбалер добил рана за време на депилацијата, едно од влакната се инфицирало, па тоа е причината за да го пропушти вечерашниот меч.

Ова е додатен проблем за Зидан бидејќи не може да сме на Карим Бензема, но за среќа на „крачевите“ денес во тимот се враќа Кристиано Роналдо.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…