Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
26-годишниот Купер Хефнер, најмладиот син на основачот на „Плејбој“, Хју Хефнер, и судејќи според сите параметри, негов наследник, има големи планови да биде токму тој кој ќе го поведе „Плејбој“ во иднината и ќе му даде ново руво.
Младиот Хефнер веќе стекна некои навистина завидни искуства и позиции. Моментално ја има титулата главен креативен директор на Playboy Enterprise, ја основаше младата медиумска компанија HOP, а истовремено е и припадник на воените одбранбени сили (CSMR).
На Инстаграм го следат над 106.000 луѓе, а верен е со Скарлет Бирн, актерката која се прослави со улогата на Пенси Паркинсон во култниот „Хари Потер“, која ја побара за сопруга во 2015 година.
Роден е на 4 септември, 1991 година, а мајка му е Кимберли Конрад, убавица која во 1989 година беше одбрана за Плејбој зајачица на годината.
Купер има повозрасен брат, Марстон, со кој пораснал во Плејбој вилата. „Додека моите родители беа заедно, беше доста слатко во Плебој вилата. Журките се претвораа во елитни настани, претпоставувам на барање на мојата мајка“, откри тој во една прилика за The New York Post.
Кога во 1998 година неговите родители се разведоа, Хју за мајката од Купер изгради куќа веднаш до вилата Плејбој, а Купер и Марстон живееја во тие две куќи. „Кога тато имаше интересни забави , тогаш обезбедувањето ќе пратеше дадилки кои не чуваа за јас и брат ми да останеме дома“, вели Купер.
Купер има и полубрат и полусестра, 62-годишниот Дејвид и 64-годишната Кристи Хефнер, кои се родени во првиот брак од Хју со Мили Вилијамс.
Купер си влезе во списанието Плејбој уште на 21 година, но во 2016 година на кратко ја напушти компанијата. „Сакав да учествувам во изградбата на релевантни стратегии на брендот, стратегии кои можат да го доведат Плејбој до мојата генерација. Меѓутоа, ми стана јасно дека тоа нема да биде можно поради тогашното раководство на компанијата, па во знак на протест си заминав“, објаснува прогресивниот дечко. Во текот на неговата отсутност, списанието престана да објавува разголени фотографии, па бројот на претплатници драстично се намали.
Кога во 2016 година Хју отстапи од Плејбој, Купер се врати и во компанијата ја презеде улогата која ја има денес. Негова прва цел беше да ја врати голотијата, сакајќи она што го изгради Хју да остане автентично.
На Инстаграм редовно споделува фотографии од својот секојдневен, сосема нормален живот. Често игра покер опкружен со зајачици, ги сака Лејкерси и е нивни голем фан, може да се пофали со завидна колекција на автомобили, редовно лета со приватниот авион на Плејбој, а често патува на егзотични дестинации и се дружи со славни фаци.