Спорт

Неверојатната приказна на Модриќ: Малото козарче кое стигна до врвот на светот!

Хрватската репрезентација се пласираше во финалето на Светското првенство, а „архитект“ на тој успех е Лука Модриќ, кој е најсериозен кандидат да биде избран за најдобар играч на Мундијалот.

Хрватските медиуми денес пренесуваат неверојатна сторија од неговиот живот и објавија снимки како на 5-годишна возраст како чува кози на планината Велебит кај Задар.

Павле Баленовиќ пред 28 години снимал документарен филм за волци на планината Велебит во Хрватска. Во неговиот филм, се појавува и едно мало козарче, кое денес е еден од најдобрите фудбалери на светот.

„Да, тоа е Лука Модриќ“, откри Беленковиќ за хрватските медиуми.

Денес Модриќ е член на Реал Мадрид, има четири титули во Лигата на шампионите и утре ќе се бори за освојување на Светското првенство. Притоа, оваа година е еден од најсериозните кандидати за освојување на „Златната топка“.

Малиот Модриќ се појавува во видеото на 2:29 минута.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top